Бизнис
8. March 2021 - 16:48

Ако не се работи во недела, ќе има отпуштања, предупреди бизнисот

Бизнисот против недела да биде неработен ден. Велат, ваквата одлука ќе го намали обемот на работа што ќе повлече откази и намалени плати. Предупредуваат дека може да дојде и до преполовување на бројот на странски компании. Ова според нив, се само дел од причините поради кои дел од секторите не се согласуваат да стават клуч на врата в недела. 

Немаат ништо против да има засилени конторли за да се види колку се почитува одлуката, но не сакаат да платата повеќе за работа во недела.  

Против ова се и обложувалниците. Велат, сите натпревари се за викенд и ако не работат во недела им се заканува тотален колапс.

По денешната дебата со реакција излезе синдикатот. Прашуваат дали работодавачите разговарале и за додатоците за кои се обврзани да им ги плаќаат на работниците, а не го прават тоа.

Да си правиш дебата дали требало или не да се работи во недела и да дебатираш сам со себе без да ги слушнеш работниците односно оние кои ти работат во недела е еднакво на робовладетелско општество на кое се навикнати македонските работодавачи.

Ги прашуваме дали на дебатата станало збор дека за работа во недела само за додатокот кој треба да го платат на работниците, а не го плаќаат, им остануваат 7 милиони евра за само една работна недела и 3 милиони евра за придонеси од задолжително социјално осигурување кои требало да ги платат на државата.

На каков начин ги мотивирале до сега работниците да им работат во недела и со својот труд да им го ствараат капиталот?

Се прашуваме дали поранешниот Директор на технолошко индустриските развојни зони ( ТИРЗ) при привлекување на странските инвеститори, на истите им нудел робови или работници во Македонија, за кои очигледно се борел да  немораат да бидат ниту одморени ниту платени за својата работа, а поради тоа и таму е забрането да се формираат синдикати и работниците да се организираат за заштита на нивните работнички прав, се вели во реакцјата од ССМ.

Иако во изминатиот период Владата, синдикатите и работодавачите постојано преговараа околу ова прашање, сепак дури од септември работниците ќе може да ја добијат оваа привилегија. Според најавите, Законот треба да важи за 35 сектори.