Македонија
19. May 2020 - 19:49

Ако побараат од ЦЈЗ градот ќе спроведе дополнителна дезинсекција

Наездата на бубашваби и други штетни инсекти, глодари е настаната поради задоцнета интервенција. Од центарот за јавно здравје ги предупредиле надлежните дека без разлика на коронакризата овие акции мора да бида спроведени навремено. Фирмите кои се занимаваат со оваа дејност појаснија дека бубашвабите живеат во канализациите а излегуваат на површина поради зголемено ниво на вода или пак градежни активности во околината. За да има ефект потребно е навремено и целосно прскање.

Од регулаторната комисија за домување велат не е потребено 100 отстотна согласност на станари за да се преземе некоја активност во зградите. При било која дојава управителите се должни да постапат.

Експертите од центарот за јавно здравје пак тврдат дека овие инсекти се преносители на заразни болести а  најефикасното прскање кое надлежните треба да го направат на јавни површини  е теренското. Според нивните анализите тоа се прави во рана пролет. Од градот Скопје велат се надлежни само за дезинсекција против комарци. Вршат вонредно прскање само во услови на голема наезда ако тоа им го наложи центаро за јавно здравје. Од оваа институција експертите излегуваат на терен по дојава на граѓани. Доколку центарот утврди алармантна состојба укажува на потребата од дополнителна дезинсекција.