Алаба може да стане најскапо платен фудбалер на Ливерпул
Англискиот фудбалски шампион, Ливерпул, е подготвен да му понуди на дефанзивецот Давид Алаба 400.000 фунти неделна плата за негов премин од Баерн Минхен.
Алаба со сигурност ќе ги напушти редовите на актуелниот европски првак на крајот на сезоната кога му истекува важечкиот договор, а за неговите услуги се заинтересирани и Манчестер сити, Барселона и Реал Мадрид,
Лондонски „Телеграф“ пишува дека Ливерпул сака по секоја цена да го донесе австрискиот интернационалец, подготвувајќи договор што би го направил најплатен играч во тимот предводен од Јирген Клоп.
Највисоки примања во англискиот првак имаат Мохамед Салах и Вирџил Ван Дајк, чии неделни примања изнесуваат половина од сумата што би ја заработувал Алаба.
Одлуката за новиот клуб на австрискиот репрезентативец се очекува да биде позната во следните неколку недели.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација