Албанската полиција уапси Косовец осуден за тероризам
Албанската полиција на гранчниот премин Морина на албанско-косовската граница, уапси триесетгодишен Косовец обвинет за тероризам.
Како што јави дописникот на МИА, станува збор за Енос Беголи од Косовска Митровица, по кого властите во Приштина распишаа меѓународна потерница.
Нему во април годинава, Основниот суд во Приштина во отсуство му изрече казна затвор во траење од четири години, поради учество во војната во Сирија на страната на групата Исламска држава (ИД). Заедно со него беа осудени уште десет други лица.
Беголи во октомври 2013 година преку Турција пристигнал во Сирија, каде прво бил во камп на тримесечна обука кај Алепо. Инаку, од 2009 година, па до заминувањето во Сирија, тој живеел во Франција,каде бил женет со Французинка.
По извршените законски процедури, Беголи им бил предаден на претставниците на косовската полиција.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација