Балкан
8. September 2016 - 17:34

Алексис Ципрас за „Ле Монд“: На "Европа и се заканува распаѓање

Грчкиот премиер Алексис Ципрас во интервју за „Ле Монд“, зборувајќи за "бегалската криза, криза за безбедноста и тероризмот и економската криза" испрати  "алармантна"порака .

"Европа се соочува со длабока криза, тоа е како месечар кој оди кон провалија", предупредува Ципрас, кој организира, в  петок, на 9 септември во Атина, самит на земјите од Средоземието, на кој треба да учествува претседателот на Франција, Франсоа Оланд и италијанскиот премиер Матео Ренци.

Ципрас бара олеснување на мерките за штедење, особено за борба против невработеноста и за да се поддржи растот.

- Ако не се даде приоритет на вработување, Европа е во опасност од распаѓање, со други референдуми  и отфрлање на Европската унија и со антиевропски влади во рамките на ЕУ, вели грчкиот премиер .

"Денес го имаме Северот кој акумулира вишок и Југот која трпи големи загуби. Нема европска конвергенција кого постојат такви разлики ", рече Алексис Ципрас. Тој бара од Германија да не соднесува како " штедна банка со прекумерниот буџетски суфицит. "

Грчкиот премиер бара од своите европски партнери отпишување или олеснување на долгот на земјата: "Ако тие одбијат да напреднат по ова прашање, ќе биде тешко за мојата земја да продолжи по патот на растот. "Тој верува дека" работите ќе се подобрат постепено "во Грција.

Ако тој останува убеден за трајноста и одржливоста на Спогодбата помеѓу Европската унија и Турција за ограничување на приливот на бегалци, Ципрас жали за одложувањето од страна на европските земји во однос на заложбите за преселување на бегалците.