Алијанса и Алтернатива се уште не се во преговори со Заев
Алијансата на Албанците и Алтернатива немале ниту една официјална средба или преговори на тема влез во Влада со лидерот на СДСМ Зоран Заев и тоа нема да го прават се додека ДУИ не си го оствари своето ветување Насер Зибери да биде премиер. Ова е ставот на коалицијата ААА по повод вчерашното врачување на мандатот за составување на Влада на Заев но и најавата на СДСМ и ДУИ дека има напредок во преговорите за Влада.
„Ние иако сме легитимни победници ќе го чекаме ДУИ да го договори Зибери за премиер. Дури и сме кажале дека ако во Собранието стигне предлог Зибери да е премиер ќе ги дадеме нашите 12 пратенички гласа, но ако ДУИ ова не го добие тогаш нема легитимитет да биде во Владата и треба да остане во опозиција“, велат од коалицијата.
За нив не е спорно што мандатот шефот на државата Пендаровски му го дал на Заев. За тоа што не присуствувале на средбата на Ахмети од коалицијата ААА велат дека позитивно одговориле на поканата на Ахмети само побарале таа да биде на друг датум што не беше исполнето од ДУИ.
Но од коалицијата на Алијанса и Алтернатива сметаат дека координтивни средби за албански ставови помеѓу албанските партии треба да има.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто