Македонија
31. October 2018 - 13:48

Алијанса за Албанците: Републичкиот судски совет е трансформиран во гласачка машинерија

Почитувани медиуми,

Почитувани граѓани,

Дека Македонија нема намера да го реформира судскиот систем, покажува и вчерашниот избор на партиски судии од страна на Републичкиот судски совет, кој е трансформиран во гласачка машинерија со избирање на кандидати кои се делегираат од партиските седишта на СДСМ и ДУИ.

Сухби Јакупи кој се избра за виш судија на  Управен суд, кадар на ДУИ, поранешен член на Државната изборна комисија, кој беше принуден да поднесе оставка заедно со другите колеги од ДИК, поради злоупотреба на службената положба, и на нетранспарентен  начин, покрај редовната плата си делеле и по неколку дополнителни плати за себе, и големи финансиски средства за патување, спротивно на сите постојни нормативи и критериуми за овие намени.

Истото лице, си поднесе оставка од функцијата, по алармот на Амбасадата на САД во Скопје преку амбасадор Џес Бејли, кој ДИК ја оцени како корумпирана институција, вчера беше избран за  виш судија на  Управен суд.

Се поставува прашањето, каков морален кредибилитет и личен интегритет има Сухби Јакупи за да ја извршува судската должност?

Каква правда ќе им делат на граѓаните партиски судии од видот на Сухби Јакупи, поранешен член на ДИК, делегиран од страна на ДУИ или од Џелал Бајрами, виш републички обвинител, поранешен заменик министерот од ДУИ во Министерството за внатрешни работи, или некој друг, а кои се на важни позиции, каде што се дели правда,  а доаѓа преку непотизам.

Каков правен систем  и правна држава може да биде Македонија, кога судии и обвинителите се делегираат од страна на токму оние политички партии, чии политички претставници се дел од истрагите и постапките за криминал и корупција?

Алијансата за Албанците, бара од премиерот Зоран Заев, сега и како и прв човек што го води органот за реформи на правниот систем,  каде остана реформата во Републичкиот судски совет, кој е полн со блиски  членови на СДСМ, ВМРО и ДУИ и се избираат судии блиски со владејачките партии, оневозможувајќи изборот на други професионални судии?!

Дали е  свесен за премиерот Зоран Заев дека со изборот на партиски судии, и партиски претседатели на судовите во Македонија, кои некогаш се избираа и од партиските седишта на ВМРО-ДУИ, денес се избираат повторно од канцелариите на ДУИ и СДСМ. Овој начин на политички назначувања на позиции , со толку големо значење за судскиот систем,  напротив овие нестручни и партиски именувања, ги поткопуваат и сериозно ги попречуваат процесите на евро-интеграција, токму во овие моменти, кога реформите во судството независно од партиите и владата, се предуслов за да Македонија влезе во ЕУ и во НАТО.

Бараме итно да се преземат мерки за реформирање и деполитизација на Републичкиот судски совет од  партиските членови на СДСМ, ДУИ и ВМРО кои немаат кредибилитет да изберат судии професионалци,  туку се во служба на нивниот партиски клиентелизам.

Бараме овој Совет да се формира исто како и во земјите на ЕУ, а не неговите членови  да ги  избираа и  предлага  Собранието на РМ и претседателот на државата, како што било случај досега.

Бараме од Амбасадата на САД во Скопје и Канцеларијата на ЕУ, сериозно да ги разгледаат нашите забелешки за избор на партиски судии и семејниот непотизам. Во спротивно, граѓани на Македонија, со право, нема да му веруваат во правниот систем во оваа држава.

Алијанса за Албанците