Loading Video...
Спорт плус
23. јуни 2019 - 19:36

Алили може да ја врати славата на македонското борење

Македонското борење има нов адут во младиот Бесир Алили кој на ЕП за борачи до 17 години освои златен медал.

          Алили  триумфираше во категоријата до 48 килограми во интересен меч кој лошо го започна и противникот од Ерменија Ховсханисјан поведе со 5-0.

          Токму затоа успехот на македонскиот порач е поголем бидејќи со неколку убави зафати и упорност успеа не само да го израмни резултатот туку и да направи целосен пресврт за водство од 7-5.

          Во финишот од мечот противникот се обиде да  дојде до победа но најмногу што успеа да направи е да освои уште еден поен со што резултатот на крајот гласеше 7-6 за Алили кој беше прогласен за победник и освојувач на златниот медал.

Борачот на Лирија Алили е извонредно талентиран млад борач за кој се предвидува дека може да ја врати славата на македонското борење.