Loading Video...
Фудбал
27. September 2020 - 18:40

Алиоски со Лидс се радуваше на победа против Шефилд - Тотенхем остана без три бода во 97 минута

Иако ги одигра само завршните секунди од мечот македонскиот репрезентативец Езџан Алијоски со својата екипа Лидс Јунајтед се радуваше на втората победа во Премиер лигата. 
 
Тимот на Лидс славеше на гостувањето кај Шефилд Јунајтед минимално со 1-0 со голот што го постигна Патрик Бамфорд во 88-минута од натпреварот. 
 
Следен предизвик на Алиоски и Лидс ќе биде Манчестер Сити. 
 
А, тимот на Тотенхем кој пред само три дена гостуваше во Скопје, денеска одигра меч со Њукасл, кој заврши без победник 1-1. 
 
„Спарси“ поведоа со голот на Лукас во 25 минута , но Њукасл се спаси од пораз дури во седмата минута од судиското дополнение (90+7), и тоа со гол на Вилсон од пенал.