Фудбал
5. October 2017 - 14:11

Алонсо: Џерард за менаџер на Ливерпул

Екс играчот на Ливерпул, Шпанецот Чаби Алонсо осврнувајќи се на резултатите на Ливерпул изјави дека неговиот соиграч и поранешен капитен на „црвените“ Стивен Џерард е добро решение за менаџерското место.
-  Кога јас би се прашувал, за тренер на Ливерпул би го поставил Стивен Џерард. Тој може да го води клубот кој секогаш имал големи амбиции. Има големо фудбалско знаење. Од дрига страна врвните фудбалери по завршувањето на професионалната кариера имаат тешка задача да бидат успешни и како тренери, изјави Алонсо.
 
Ливерпул сезонава настапува променливо и менаџерот Јирген Клоп се почесто е мета на критики.