-->
-->
Алонсо се враќа во Формула-1
-->
Двојниот светски шампион Фернадо Алонсо од наредната сезона повторно ќе вози во Формула 1 објави Би-би-си. Шпанецот ќе го вози болидот на Рено.
Алонсо пред две години ја напушти Формула 1, тој во кариерата два пати возеше за францускиот тим.
39 годишниот возач во кариерата возел и за Минарди, Мекларен и Ферари. Со Рено, Алонсо, во 2005 и 2006 година беше светски првак.
Во кариерата има 32 победи, а вкупно 65 пати се искачувал на победничкиот пиедестал, вкупно взел на 314 трки.
Алонсо во август ќе вози за Мекларен на легендарната трка Индијанаполис 500. Доколку победи ќе стане вториот возач кој победил на трите најголеми трки во авто-мото спортот. Покрај Индијанаполис 500 „светото тројство“ на автомобилизмот го формираат Големата награда на монако и 24 часа Ле Ман.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници
-
ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори
-
Избирачкиот список намален за 10 000 гласачи
-
Претседателски избори ќе ги следат 342 домашни и 568 странски набљудувачи
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
-
Пленковиќ преговара со десницата мнозинство во хрватскиот парламент
-
„Епл“ го отстрани „Телеграм“ од својата интернет-продавница за Кина