Амбасадорката на САД во ОН најави откритија за Иран

Постојаниот претсавник на САД во ОН Ники Хејли денeска ќе одржи прес-конференција во Вашингтон на која ќе претстави „неоспорени докази“ дека Иран не почитува резолуции на ОН, особено за Блискит исток.
Хејли ќе се задржи на неодамнешни изводи од извештај на ОН за ракети истрелани од јеменски бунтовници Хути врз Саудиска Арабија.
Според извештајот, дизајнот, карактеристиките и анализите од експерти, компонентите се исти како и оние што се вградени во иранската ракета „Киам-1“.
На почетокот на неделата, списанието „Форин полиси“ откри дека иако експертите сметаат дека некои компомненти од ракитите на Хутите можно е да бие приоизведени во Иран, во заклучоците наведуваат дека се најдени и елементи изработени во САД. На прес-конференција Хејли ќе посочи на „дестабилизирачки акции на Иран на Блискиот исток и на други места во светот“ се вели во соопштение од нејзината канцеларија за односи со јавноста.
„Таа ќе открие неоспорени докази дека Иран не ги почитува меѓународните обврски и неуспешно се обидува да го прикрие тоа“, се додава во соопштението. Иран признава дека дава политичка поддршка за Хутите, но негира дека пружа воена помош.
Ново на Сител
-

Најавени нови блокади на грчките земјоделците на граничните премин Евзони и Ники
-

Долгот на граѓаните по основ на даноци кон Град Скопје е над 36 милиони евра
-

Мицкоски - Најт: Продлабочување на соработката меѓу институциите
-

Aвстралија официјално ги забрани социјалните мрежи за деца под 16 години
-

Сиљановска-Давкова ќе го одликува американскиот генерал-мајор Грегори Најт со Орден за воени заслуги
-

Земјотрес во близина на Кичево
-

УНИЦЕФ: Во Србија живеат 108.000 девојки и жени кои се омажиле пред да станат полнолетни
-

Авиолинија Скопје - Бодрум со „Изиџет“ од следното лето
