Loading Video...
Ракомет
19. јуни 2020 - 16:27

Амбициите за големи резултати причина повеќе Вујин да биде дел од вардаровото семејство

 
 
Вардар и следната сезона ќе има силен тим кој ќе се обиде одново да се втурне во трка за највисок пласман во ракометната Лига на шампиони. 
 
Потврда на ваквите опчекувања е е последното засилување во таборот на вардарци, искусниот српски ракометар Марко Вујин, кој треба да биде и првата опција на десната бековска позиција
 
Ракометен Вардар полека го склопува составот со кој во идната сезона ќе атакува на нови трофеи, како на домашна, така и на меѓународна сцена. 
 
Вујин кој долги години настапуваше за германскиот гигант Кил, не го криеше задоволството што ќе го облече црвено-црниот дрес.
 
„Вардар е голем клуб и е актуелен шампион на Европа. Во Скопје се чувствува голема ракометна енергија, а тоа ме потсетува на Веспрем и Кил. Тоа беше една од клучните работи да се преселам во Вардар, а секако и фактот што тимот е составен од многу квалитетни ракометари. За условите слушав само позитивни работи, како и за градот и луѓето, што значи дека заедно би можеле да запишеме нови успеси во сезоната која следува“, изјавил  Вујин за „Балкан-Хендбол“.
 
Србинот е петтото во име во тимот на Вардар кој досега ги потврди трансферите на репрезентативците Талески, Георгиевски и младиот Јагуриновски како францускиот голман Кантегрел и Хрватот, Гаџа, додека се официјална потврда за неговиот сонародник Векиќ