Loading Video...
Кошарка
13. July 2020 - 15:37

Американецот, Олуџоби продолжува со МЗТ Скопје Аеродром

Познат е и седмиот кошаркар кој во претстојната сезона ќе ги брани боите на актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром.
 
Феми Олуџоби и следната сезона ќе биде дел од тимот на МЗТ Скопје, потврдија од клубот. 24 годишниот Американец кој во февруари месец дојде во „Јане Сандански“ ја продолжува соработката со „сино-белите“ за уште една сезона, со можност истата да биде продолжена на уште една. 
 
 206.сантиметри високиот крилен-центар во краткиот период пред прекинот на сезоната поради пандемијата на Корона вирусот настапи само на три натпревари за аеродромци на кој имаше забележителен учинок со просек од 16 поени и 8 скока. 
 
Тој е вкупно седмиот играч со кој клубот потпиша договор за следната сезона, откако претходно тоа го сторија и: капитенот Дамјан Стојановски, Андреј Маслинко, како и „новиалите“Филип Бакоч и Адем Мекиќ, додека Андреј Магдевски и Бојан Крстевски веќе имаа договор од претходната сезона. 
 
Потсетување дека клубот ја продолжи соработката и со првиот стратег Ѓорѓи Кочов, кому дополнително засилување во стручниот штаб ќе му биде Дарко Радуловиќ кој лани го предводеше составот на Вардар.