Бизнис
4. October 2017 - 17:33

Американската Галф Оил влезе на македонскиот пазар

Американската компанија Галф Оил влезе на македонскиот пазар. Најголемиот производител на нафта и нафтени деривати  своето работење тука го почна со отворање на првата  бензиска во Скопје. Мрежата ќе ја прошири и во другите градови.  Влегува како партнер на македонската компанија Супертрејд еден  од најголемите дистрибутери на горива во земјава. Станува збор за голема инвестиција која е од огромно значење за домашната економија.

Македонија е втора земја на Балканот каде можат да се најдат производите на Галф ОИЛ.

- Планот е до 2020 година компанијата  да биде дел од 10 најголеми фирми од нафтената иднсутрија, рече Марио Дадони- престваник на Галф Оил

Денес компанијата е присутна во повеќе од 25 земји, опслужува  милиони корисници. Првата бензиска станица компанијата ја отворила во САД во 1913 година.