Loading Video...
Свет
30. April 2020 - 14:19

Американскиoт претседател Доналд Трамп повторно ја обвини Кина

Американскиoт претседател Доналд Трамп повторно ја обвини Кина. Овој пат Трамп е убеден дека кинеските  власти ќе сторат се за тој да не биде реизбран на изборите во ноември. Според него начинот на кој Кина се справувa со пандемијата е доказ за намерата на официјален Пекинг.

Според Трамп, Пекинг посакува кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден, да победи на изборите за да се намали американскиот притисок врз Кина во врска со трговските договори.

Двегодишната трговска војна меѓу САД и Кина во јануари годинава беше привремено запрена по потпишувањето на првиот дел од трговскиот договор со кој Кина се обврзува во следните две години да купува американски стоки и услуги во износ од 200 милијарди долари. Исто така, беше постигнат договор и во поглед на почитувањето на интелектуалните права, што беше едно од главните инсистирања на Вашингтон.

Истражувањето на јавното мислење покажува дека 44 проценти од Американците би гласале за поранешниот потпретседател Џо Бајден, а 40 проценти за Доналд Трамп.

САД го заземаа првото место според бројот на заразените – над еден милион, и на починатите над 60 000 лица од короанвирусот.

Германија ги забрани сите активности на шиитската  воена организација Хезболах, со објаснување дека станува збор за терористичка организација. Поради тоа полицијата спроведе и рација ширум земјата, пред се влезе во џамиите и културните центри во повеќе градови. Проценките на германските власти се дека околу 1.050 луѓе во земјата се припадници на Хезболах.

Германија почна да размислува за забрана на Хезболах минатата година, САД, Канада, Холандија, Јапонија и Велика Британија го забранија Хезболах уште лани.

Хезболах е формирана во  1982 година како одговор на упадот на Израел во јужниот дел на Либан.