Loading Video...
Спорт плус
27. March 2020 - 16:45

Американскиот рагбист Бринс донира рекордни 5 милиони долари, Ѓоковиќ со 1 милион евра ќе снабдува медицинска опрема за Србија

Иако се поголем е бројот на федерации и екипи ги намалија платите на спортистите, а дел дури предложија и да не бидат исплатени, сепак од ден на ден се зголемува и бројката на спортисти кои ја покажуваат својата хуманост.
 
5 милиони долари досега е најголемата поединечна донација на еден спортист во борба против пандемијата од Корона вирусот. 
 
Оваа сума ја издвои Американецот, Дру Брис, квотербекот на тимот Њу Орлеанс во НФЛ лигата. 
 
Во неговиот статус објавен на „Инстаграм“ потенцира дека парите ќе одат на сметка на сојузната државата Луизијана, а истите ќе бидат наменети за децата, постарите лица и за сиромашните, но и за компаниите кои водат социјална грижа.
 
Брис очекува дека со оваа ќе бидат поделени над 10.000 оброци за оние на кои ова им е најпотребно за време на кризата. 
 
Светскиот тениски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ го следеше примерот на својот голем ривал Роџер Федерер. Откако Швајцарецот, објави дека заедно со својата сопруга донираше 1 милион швајцарски франци како помош за најсиромашните семејства во својата земја, за ублажување на последниците од Корона вирусот, денеска се огласи Србинот. 
 
И Ѓоковиќ ќе донира 1 милион евра сума која ќе биде искористена за набавка на распиратори и друга медицинска опрема потребна за неговата земја.