Американските воздухопловни власти ќе го затворат воздушниот простор над Кливленд и Филаделфија за партиските конгреси
Американската Федерална управа за авијација во текот на овој месец ќе воведе зони за забранети летови во градовите Кливланд, во сојузната држава Охајо, и во Филаделфија, во сојузната држава Пенсилванија, каде ќе се одржат националните конгреси на Републиканската и на Демократската партија, пренесоа американските медиуми.
На собирите ќе се утврдат претседателските кандидати на двете партии за изборите закажани за 8 ноември, односно Доналд Трамп за републиканците и Хилари Клинтон кај демократите.
На пилотите ќе им биде забрането да навлегуваат во забранетата зона над двата града, со дијаметар од околу 55 километри. Исклучок ќе бидат само воените авиони, леталата на полицијата и авионите и хеликоптерите на здравствените служби, кои, сепак, ќе треба да добијат специјално оодбрение.
На локалните аеродроми ќе се дозволуваат летови на патнички авиони, но само со строго почитување на безбедносните правила на Министерството за транспорт.
Ограничувањата ќе стапат во сила од 17 до 22 јули за регионот на Кливланд и од 25 до 29 јули за регионот на Филаделфија.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани