Македонија
14. September 2021 - 21:16

Анализа: Дали прошталните пораки од канцеларката Меркел до земјите од Западен Балкан имаат политичка тежина?

Нови средби – стари пораки. И по прошталната средба на канцеларката Меркел со лидерите на Западен Балкан побрзата интеграција на регионот во ЕУ останува само заложба, со ветување дека процесот не смее да биде запоставен.

Македонија треба да ги почне преговорите со Унијата без одложување, бидејќи напредокот на земјава е очигледен. Ова е ставот на канцеларката кој таа му го пренела на премиерот Заев на попладневната билатерална средба во Тирана.

Заев, пак, и понатаму негува надеж во португалскиот предлог за надминување на блокадата. Нагласил дека тоа е единственото прифатливо решение за Македонија, воедно апелирајќи за забрзување на целиот процес.

Колкава тежина и наследство остави канцеларката за време на 16-годишното раководење со една од најмоќните европски земји? Дали има кредибилитет за проштални ветувања?

За аналитичарите клучно за Македонија е продолжување Берлински процес.

Наспроти оваа иницијатива, Германија ја поддржува и Отворен Балкан. Според Кацарска, и таа регионална соработка ќе продолжи со германска поддршка, бидејќи упатува на меѓусебна економска соработка која би можела позитивно да се преслика и на политичките прашања кои го оптоваруваат регионот.