Loading Video...
Македонија
21. јуни 2021 - 21:19

Анализа: Каква е поврзаноста на вакцинацијата со индискиот сој Ковид-19

Место за оптимизам во сузбивање на епидемијата постои, а тоа  најдобро се гледа во британскиот пример.  Новиот индиски сој најмногу ги погоди оние кои не се вакцинирани, што покажува дека имунизацијата е адекватен одгвор против ширењето на корната и нејзините мутации.  Така, дури 88 проценти од Британците заразени со индискиот сој  не се вакцинирани,а   99 проценти  од невакцинираните завршиле во болница  Слични бројки се регистрирани и во Сејшелите и емиратите.  И таму 84 проценти од новозаразените со индискиот делта  вид не се вакцинирани или примиле само една доза, а 98 насто од оние кои се хоспитализирани не примиле вакцина. Очигледно од даденото е дека антителата кои ги произведуваат вакцините ефикасно го неутрализираат вирусот, особено РНК вакцините велат судиите, иако како добра се покажа и Синофарм вакцината . Во Бахреин со неа се имунизирани 40 проценти од населението, а 90 насто од новите случаи се невакцинирани. Заклучокот е дека третата доза на Синофарм треба да почне да се дава на постарите лица или на оние со слаб имунолошки одговор, при тоа пожелно е третата вакцина да биде некоја од РНК вакцините, Фајзер или Модерна.  Министерот Филипче вели дека индиската мутација која  е регистрирана кај двајца макдонски државјани вратени од Ирак засега не е ризик фактор.

-Но, морам да потенцирам, будно ја пратиме состојбата не само кај нас, туку и во околните земји поради тоа што многу често за временска разлика од една до две недели се случуваа промени во сите земји во регионот. Продолжуваме со овие мерки и продолжуваме да ја пратиме ситуацијата, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Студијата на неврологот Бабик која се повикува на серија светски научни трудови прогнозира  дека иако во моментов  епидемијата е стивната, нови жаришта се можни во популацијата која не е вакцинирана.  Во овие жаришта  вирусот ке продолжи да мутира , што ке овозможи создавање нови соеви кои ке продолжат да ја намалуваат заштитата која ја даваат вакцините, и токму затоа е потребна масовна вакцинација,  која во Македонија бавно се одвива.

Во петок се очекуваат 100.000 вакцини Фајзер преку Ковакс механизмот да бидат испорачани во Македонија, а викендот во две пратки треба да стигнат и 500.000 дози Синовак, најавија од министерството за здравство.

Досега комплетно вакцинирани во земјава се околу 200.000 лица, а термин за вакцина чекаат 180.000 пријавени граѓани.