Македонија
22. October 2021 - 16:41

Анализа: Што значат пораките на Заев за оставки, зошто Скопје е клучно за Владата, може ли да се избегнат нови избори?

Премиерот Заев ќе се откаже од тоа да ја води Владата доколку локалната власт е во рацете на опозцијата, но не се откажува од тоа СДСМ и понатаму да ја води државата бидејки парламентанрото мнозинство е стабилно, а параламентанри избори не се потребни.

Ваквата порака Заев ја испрати синоќа на последното свое интервју откако најави дека е подготвен на оставка од премиерската позиција доколку СДСМ го изгуби Скопје во вториот круг од локалните избори.

За опозицијата ваквите најави на Заев не се реални бидејќи тој и досега во јавност нудел оставки, а потоа се предомислувал.

Според Уставот оставката на премиерот повелува и оставка на целата Влада, без распуштање на Собранието и нови парламентанри избори, мандатот за премиер го добива мнозинството. 

За аналитичарите разбирлива е најавата на Заев, но велат дека политиките на локално и централно ниво не смеат да се мешаат токму за да не дојде до политичка криза.

Според професорот Марковиќ сценариото со нов мандатар од постојното мнозинство не може да биде трајно решение. Потврдата на легитимитетот на новиот премиер сепак треба да биде проверена на избори.

Марковиќ не исклучува ни Курц – сценарио, но вели тоа нема да донесе нови гласачи.

Веднаш по резултатите од првиот круг, Заев како лидер на СДСМ повика на обединување на членството, масовна излезност во вториот круг и силна работа на терен за да се надокнади разликата во гласовите што ги освои опозицијата.