Македонија
5. September 2018 - 16:07

Ангела Меркел на Денот на независноста во посета на Македонија - Владата смета дека ова е јасна порака

Посетата на германската канцеларка на Денот на независноста е само по себе „голем симболичен гест“ велат од Владата. Засега не е познато дали Меркел и  австрискиот канцелар Себастијан Курц ќе присуствуваат на свечената прослава, која ќе се одржи на 8-ми септември.

Прославата ќе започне во сабота , во  18 часот, на платото пред Владата и ќе биде отворена за сите грагани. За најмладите ќе настапи Петко 5 плус бенд, ангажирана е македонската филхармонија, а пред граѓаните ќе се обрати и македoнскиот премиер.

Прославата на државниот празник  ќе се одбележи под мотото „Заедно одиме напред“.