Живот
24. May 2016 - 18:52

Ангели ја чуваат: Девојче остана живо додека претрчуваше преку улица

Неверојатно видео е објавено на ЈуТјуб на кое се гледа исклучително прометна улица во Хонг Конг и малечко девојче како претрчува на другата страна каде се нејзината мајка и баба.

Камерата сместена во еден автомобил кој се наошол во близина ги фати застрашувачкиот момент во кој малечкото девојче претрчува преку улица по која брзаат автомобили. Откако успешно одбегна неколку автомобили се залета во еден во движење и падна на улица.

Но девојчето имаше неверојатна среќа! Помина само со полесни повреди иако се чини дека ваква улица е невозможно да се претрча и преживее.

Но, вистинскиот шок следува на крајот на видетото. Девојчето кое за малку ќе загинеше, на другата страна ан улицата ја пречека мајка и коај наместо да ја гушне што останало детето живо во тој хаос, таа ја удира по задникот.