Loading Video...
Фудбал
8. September 2019 - 15:37

Ангеловски со изменет состав ќе ја напаѓа Летонија: Неизвесен настапот на Елмас

Македонската Фудбалската репрезентација утре ја очекува нов натпревар во евро-квалификациите. Во дуелот против Летонија во Рига, црвено-жолтите пред себе имаат предизвик наречен победа. 
 
Селекторот Игор Ангеловски е убеден дека неговите избраници знаат да одигран под притисок, овојпат од императивот победа „Знаеме да играме и под притисок, тоа е една врлина на оваа генерација. Уверен сум во максимално издание, па да влеземе во финишот од квалификациите со шанси за пласман на ЕП. Утре играме за да ги задржиме шансите за висок пласман до самиот крај. Ако победиме утре, ќе бидеме со компинација и преку квалификациите да се пласираме на ЕУРО. Бодот со Израел ќе добие на тежина само ако ја совладаме Летонија“, истакна Ангеловски.
 
Тој на денешната средба со новинарите истакна дека најверојатно ќе има промени во составот, во однос на оној од дуелот со Израел. 
 
Откако на денешниот тренинг се повреди Елмас, тој повеќе од сигурно ќе го пропушти мечот. Се следи и повредата на Пандев, поради која капитенот во Израел само во завршните 15-тина минути. Затоа, Ангеловски, најверојатно ќе им даде шанса на напаѓачите Трајковски и Тричковски . 
 
Утрешниот дуел меѓу Летонија и Македонија ќе се игра од 20 часот и 45 минути, терминот во  кој ќе стартуваат и другите две средби од оваа група, Полска – Австрија и Словенија – Израел.