Бизнис
8. November 2017 - 13:06

Анѓушев - Томан: Поинтензивна соработка за привлекување нови инвестиции

Подготвеност за соработка, јакнење на еконмските односи и нивно унапредување, искажаа на денешната средба вицепремиерот Кочо Анѓушев и новоименуваниот амбасадор на Чешката Република Мирослав Томан.

Анѓушев ги презентира мерките од Планот за економски раст, нагласувајќи дека се  проектирани да привлечат нови инвестиции и да ги потикнат постојните. 

- Убеден сум дека мерките ќе бидат атрактивни и за чешките компании и во таа насока ги поканувам да дојдат во Македонија да инвестираат. Владата со својот полн капацитет е ставена во функција да обезбеди поволна бизнис клима за нови инвестиции, подвлече вицепремиерот.

Амбасадорот Томан и вицепремиерот Анѓушев разговараа и за соработка во земјоделството и енергетиката.