Свет
4. July 2016 - 21:18

Анкета: Над 80 проценти од Полјаците се за останување во ЕУ

Големо мнозинство од Полјаците би гласале против излегување на земјата од Европска унија, покажуваат резултатите од анкетата спроведена од центарот Ибрис на 30 јуни.

Осумдесет и четири проценти од испитаниците позитивно го оцениле членството на Полска во ЕУ, а 15 отсто изразиле незадоволство и изјавиле дека би гласале за излез.

Анкетата покажува и дека само 24 проценти од Полјаците поддржуваат воведување на еврото во Полска, а 72 се изјасниле против.