Loading Video...
Кошарка
25. јуни 2019 - 14:17

Антетокумпо „МВП“, Дончиќ „руки“ на сезоната во НБА лигата

Ноќеска во Лос Анџелес на гала свеченост беа доделени наградите за најдобрите кошаркари во изминатата сезона во НБА лигата. Странците доминираа и освоија најголемиот број на наградите.
 
Гркот, Јанис Антетокумпо член на Милвоки Бакс и прогласен за најкорисен играч „МВП“. Словенецот, Лука Дончиќ кој имаше фантастична прва сезона како член на Далас го однесе признанието за дебитант „руки“, додека европската доминација ја заокружи Французинот, Руди Гоберт кој втора сезона по ред е избран за најдобар дефанзивец.
 
Кемерунацот, Паскал Сиакал кој со Торонто ја осви шампионската титула е играчот со „најголем напредок“, додека Лу Вилијамс трет пат во својата кариера е избран за најдобар шести играч, а за најдобар тренер беше избран Мајк Буденхолцер стратегот на Милвоки тимот кој регуларниот дел од сезоната го заврши со најдобар ефект.