Македонија
25. September 2016 - 9:58

„Антигона и Креонт“ - премиерно на 15. ИФАД „Стоби“

Со премиера на претставата „Антигона и Креонт“ во режија на Нела Витошевиќ и во продукција на Театарот на навигаторот Цветко и кино „Култура“, вечер ќе заврши официјалната програма на  15. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“. Претставата ќе биде изведена на сцената на Велешкиот театар.

Адаптацијата на претставата е на Нела Витошевиќ и Ивана Нелковска, сценографијата на Васил Христов, а костимите ги изработи Розе Трајчевска. Учествуваат актерите Зоран Љутков, Симона Димковска, Благој Веселинов, Ивана Павлаковиќ, Стефан Вујисиќ и Наталија Теодосиева.

Свеченото затворање на фестивалот е утре, кога ќе бидат доделени четирите награди на фестивалот - за најдобра машка и женска улога, најдобра режија и најдобра претстава.
 
Во чест на наградените ќе биде изведена претставата „Лесната бесната, тесната“, во режија на Деан Дамјановски, а во продукција на ФАД „Стоби“, работена според македонските еротски приказни. Претставата е наменета за лица над 16 години.