-->
-->
Антисемитист ќе ја претставува Германија на Евровизија
-->
Популарниот рок и блуз пејач чии што текстови се опишуваат како антисемитски и хомофобични е изборот на Германија за учество на следната Евровизија.
Пејачот Ксавер Наидо кој што е од мешано индиско, афрканско и германско потекло од страна на јавниот сервис АРД е избран да ги брани боите догодина во Стокхолм, но тој уште од сега предизвика негативно внимание кај медиумите и социјалните мрежи. Критикуваат и политичарите и граѓанските активисти според кои тврдат дека дел од неговите текстови наведуваат дека хомосексуалците се педофили и содржат антисемитски пораки.
Најтиражниот весник „Билд“ во еден свој наслов прашува дали Наидо е вистинскиот избор кој што треба да ја претставува Германија на Евровизија.
Претставник на партијата ана Меркел ЦДУ вели дека изборот е проблематичен истот го тврди и претставник на Фондацијата Амадео Антоние. Наидо минатат година беше дел од протест организаиран од страна на германските крајни десничари по повод реунификацијата на Германија со што предизвика негативни коментари. Тој говореше на протестот на движењето „Рајзенбургер“ кое што одбива да ги признае модерните граници на Германија.
Пејачот ги отфрла обвинувањата и вели дека со сето свое битие стои зад космополитска Германија и правото на достоинствена и мирна интеракција со останатите. Поддршка за него доаѓа и од дел од неговите колеги музичари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.
-
Г-7 одлучни да ја засилат ПВО на Украина
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина