Македонија
26. December 2018 - 16:36

Апелација ја укина пресудата за Ѓоко Поповски во „Триста“

Предметот Триста на СЈО по нова година ќе стартува од почеток. Апелација ја укина 9 годишната затворска казна за поранешниот помошник министер во МВР Ѓоко Поповски и предметот го врати на повторно судење. Со истата одлука второстепениот суд ја укина и обврската за надомест на штетата на министерството од 28 милиони денари. Поради опасност од бегство, Поповски сепак останува во притвор за време на повторениот судски процес. Неговите адвокати велат дека се уште не се запознаени со образложението со кое Апелациионите судии ја укинаа првостепената пресуда.     

За набавката за триста возила за потребите на МВР, Поповски беше осуден на 9 години затвор во мај годинава. Судијката Кацарска која ја изрече ваквата пресуда, ќе му суди на Поповски и во повторената судска постапка. Во исто време Поповски издржува и затворска казна од 4,5 години за набавката на блиндираниот мерцедес.