Македонија
27. May 2020 - 19:38

Апелација одлучува за пресудата во случајот „27-април“

Обвинетите за собраниските настани од 27 април, по 14 месеци минати зад решетки, денеска повторно влегоа во судница. Од Апелациониот суд бараат укинување на пресудата на Кривичен кој им одреди вкупна затворска казна од 211 години.

Јавната седница по жалбите за „27 април“  почна денеска – апелационите судии ја образложија пресудата а во следните два дена обвинетите и нивните адвокати ќе треба да кажат зошто не се согласуваат со изречените казни.

За собраниските настани од 27, на затвор во траење од 7 до 18 години беа осудени 16-мина. Судот ги прогласи за виновни за кривичното дело терористично загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Од одлуката на повисоките судии ќе зависи дали ќе ги потврди или намали казните на осудените или пак ќе ја укине пресудата и предметот ќе го врати на повторно судење.