Апокалипсата пристигнува пред Нова година: Оваа жена најави дека Исус ќе се врати на Земјата и ќе ја исчисти од гревови
Теоретичарите на завери тврдат дека Исус Христос ќе се врати на Земјата овој месец, водејќи го својот народ кон Рајот и оставајќи ја земјата целосно стерилна во наредните 1.000 години.
Нора Рот, христијанка и компјутерски програмер, вели дека се направени сложени пресметки кои укажуваат дека апокалипсата ќе дојде до крајот на 2016. година. Во тој момент „вечната правда ќе биде доведена и Земјата ќе биде оставена да се одмори со милениуми“.
Овие тврдења се поставени на сајтот на госпоѓа Рот под назив „2016. време на крајот“, пренесува Дејли меил.
- Во есента 2016. година, на гревот стар 6.000 години ќе му дојде крајот, вечна правда ќе биде воведена, а Исус повторно ќе дојде да го одведе својот народ во Рајот, напишала Рот.
Според нејзините зборови, Земјата ќе го почне својот 1.000 годишен одмор.
Таа смета дека секоја личност има пробен период на Земјата, а нејзините пресметки се засновани на изводи од Библијата, од Книгата на пророкот Данил од Стариот завет, кој ја раскажува приказната за Евреите присилени да се преселат во Вавилон.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација