Loading Video...
Свет
1. January 2020 - 17:32

Апокалиптични пожари во Австралија

Се уште во пламен е австралискиот континент. Огнената стихија до сега одзеде 17 животи а опустоши илјадници домови. Од почетокот на неделава, седум тела се пронајдени во Нов Јужен Велс и едно во Викторија а неколкумина се водат за исчезнати. Во подрачјата погодени од пожарите, помага армијата која со бродови и авиони обезбедува вода и храна за населението. Властите предупредуваат дека условите може да се влошат во текот на викендот кога се очекува зголемување на брзината на ветрот но и пораст на температурите кои се очекува да го достигнат 40-от степен.