Македонија
7. December 2018 - 11:17

Апсење во Тетово

Полицијата апсеше во Тетово, паднаа две момчиња поради поседување на марихуана. Како што стои во билтенот на МВР, вчера  околу 18,00 часот, на улица „121“ во Тетово лишени од слобода се Д.З.(20) и Е.Р.(18), двајцата од село Палатица. Кај нив е пронајдена марихуана и нож. Вчера, исто така, околу 21,30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, поради поседување марихуана, лишен од слобода е и Б.И.(34) од Тетово. Се работи на целосно расчистување на двата случаи.