Балкан
17. December 2020 - 18:58

Аптеките во Србија почнаа да продаваат тестови за коронавирус

Во аптеките во Белград од денеска почнаа да се продаваат домашни тестови за коронавирус.

Директорката на „Апотека“ од Белград, Јасминка Бјелетиќ, за порталот Б92.нет, изјави дека тестовите за коронавирус, кои се сигурни 98 проценти, од денес ќе можат да се купуваат во белградските аптеки.

Според неа, за почеток ќе бидат снабдени 40 најголеми и најважни аптеки низ градот.

Како што вели, веќе се порачани дополнителни резееерви, кои ќе бидат доставени според барањата и потребите на аптеките.

Тестовите се произведени во Кина и Јужна Кореја. Цената е 1.296 динари.