Loading Video...
Кошарка
8. September 2019 - 16:54

Аргентина - Србија и Шпанија – Полска во четврт-финалето на СП

Аргентина - Србија и Шпанија – Полска се првите две четвртфинални двојки на Светското кошаркарско првенство што се одржува во Кина. 
 
Ова е епилогот по денешните одиграни дуели во осминафиналните групи во кои во директните пресметки за првото место Шпанија ја победи Србија со 81-69, а Аргентина славеше над Полска со 91-65. 
 
Така во вторник, во првиот четвртфинален меч ќе играат Аргентина и Србија, а во вториот за полуфиналето ќе се борат Шпанија и Полска. 
 
Утре ќе бидат познати и останатите два пара за четвртфиналето, а кое останува уште едно слободно место, а кое пак ќе се бодат во директен дуел Чешка и Грција, а шанса со изненадуваше против Американците ќе има и селекцијата на Бразил.