Спорт плус
2. October 2016 - 11:01

Аргентина светски првак во футсал

Футсал репрезентацијата на Аргентина е светски првак откако синоќа во финалето ја совлада Русија со 5:4. Аргентина водеше со 5:2, а Русија на крајот само го ублажи поразот. Головите за Аргентина ги постигнаа: Констатино Вапораки, Аламиро Вапораки, Леонардо Куцолино и Алан Бранди (два гола), додека за Русија Едер Лима постигна три гола и стрелец на еден гол беше Дмитри Лисков.
Во дуелот за 3.место Иран ја победи Португалија со 4:3 по изведувањето пенали и го освои бронзениот медал.
За Аргентина ова е прв трофеј во футсал натпреварувањата на ФИФА.