Македонија
2. December 2023 - 16:32
Архитектонски и туристички обележја на Охрид поради негрижа оставени да пропаѓаат
Потребна е поголема заштита на препознатливите симболи на градот Охрид со богата историја и традиција.Сведоци сме дека дел од нив како што е хотелот Палас ,ПТТ и многу други кои во минатото биле туристички споменици како по местоположбата така препознатливи и по развојот на градот сега се оставени на забот на времето ,да пропаѓаат обраснати со треви и руинирани.
Историчарите апелираат на поголема свесност за вредните објекти .
За жал, недоволната грижа и за културното и природното богатство го доведоа регионот во опасност да биде впишан на листата загрозено подрачје.
Според експертите грижата не е само на институциите, локалната и државната власт, потребна е поголема свесност и од страна на населението.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->