-->
-->
Арсенал останува без својот најдобар играч
-->
Најдобриот фудбалер и стрелец на Арсенал, Алексис Санчез, решил да го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Чилеанецот бил револтиран по тешкиот пораз од Баерн во Минхен (5:1), во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.
Британските медиуми пишуваат дека „капката која ја прелила чашата“ кај Санчез била меѓусебната расправија на фудбалерите во соблекувалната по поразот во Минхен.
Арсенал веќе неколку месеци се обидува да го убеди Чилеанецот да потпише нов договор, но тој ги одбил сите понуди.
Наводно, Алексис Санчез, сакал да се врати во Серија А, каде заинтересирани се Јуветус и Интер, а доколку се реши за некоја друга дестинација, во ред за неговиот потпис стојат ПСЖ и Атлетико Мадрид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Калкулантството на членот на историската комисија Петар Тодоров е само последица на калкуланството на Ковачевски и владата на СДС
-
АБА лига: МЗТ Скопје славеше против Ц.Олимпија
-
Димитриевски од Софија: Од Македонец не бидува Бугарин
-
Пораз на Арсенал во Ливерпул
-
МНР на Бугарија: Ова е недопустлив однос кон народот на Бугарија и бугарската држава
-
Полицајци со ратрак евакуирале неколку млади од Попова Шапка
-
Граѓани, меѓу кои и мали деца, не можеле да се симнат од Водно со Жичницата поради силен ветер
-
Делегација на Левица положи цвеќе на гробот на апостолот Гоце Делчев