Loading Video...
Фудбал
16. July 2020 - 16:46

Арсенал останува во игра за Лига Европа, нова шанса за Манчестер Јунајтед за место во Лигата на шампионите

 
 
Со победата над новиот шампион Ливерпул екипата на Арсенал останува во игра за шестото место во Премиер лигата, а со тоа и шанса за спас на сезоната, односно настап на европската сцена, во следната натпреварувачка сезона. 
 
Популарните „топчии“ забележаа победа над Ливерпул со 2:1 со головите на Лаказет и Нелсон иако голтите со погодокот на Мане први поведоа. 
 
Со новите освоени бодови и вкупно 53 Арсенал е на 9-место на табела, со три бодови помалку од шесто пласираниот Вулверхемптон. 
 
Во игра за местото кое носи пласман во Лига Европа се Тотенхем со 55, односно Шефилд Јунајтед кој има 54 бодови. 
 
А, тимот на Шефилд вечерва има тешко гостување кај Лестер кој заедно со Манчестер Јунајтед кој вечерва гостува кај Кристал Палас се тимовите кои се борат за 4.место, последно кое носи пласман во Лигата на шампионите