Арсовска: Очекувам во понеделник кога ќе ги изгубат изборите Заев да си поднесе оставка
Кандидатката за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска во Тема на денот во Дневникот на Сител Телевизија на прашањето што мисли за повикот на премиерот Заев да се повлече од трката за градоначалник поради информациите дека поседува бугарско државјанство кажа дека не се откажува бидејќи се е лага.
- Прво и основно јас во целост го демантирав ова кое што го дочекавме и премиерот да излезе и да го кажува јавно, бидејќи самото тоа доаѓа од човек кој што ги продаде македонските национални интереси, пред се од човек чии совети ги барал изминатите години и барал економски мерки да му се даваат, немал никаква забелешка ниту на мојата личност ниту на мојата професионалност. Сега одеднаш во 5 дена откако и самиот кажа дека ќе си даде оставка од својата премиерска позиција доколку го изгуби градот Скопје сметам дека на сите скопјани им е јасно што тоа значи. Јас од оваа трка не се откажувам бидејќи цврсто стојам дека се ова што го кажаа е лага и се тоа ќе го докажам низ постапки. Она што би им го порачала е дека очекувам во понеделник кога ќе ги изгубите овие избори да си ја исполните оставката која што ја ветивте.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација