Македонија
8. November 2021 - 17:18

Арсовска: Почнуваме да ја реализираме визијата за европско модерно Скопје

Уште од првиот ден отпочнуваме со јасно, транспарентно, вредно, чесно и посветено да работиме на сите оние проекти, кои беа во визијата и во програмата за модерно и европско Скопје, изјави новата градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска.

Во обраќањето по официјалното примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје, Арсовска вели дека уште од првиот ден на мандатот започнува со реализација на сите проекти предвидени за реализација во првите 82 дена.

Формалното примопредавање на градоначалничката функција од досегашниот прв човек на главниот град Петре Шилегов на неговата наследничка Данела Арсовска се одржа денеска во просториите на Град Скопје.