Асад: Ако Трамп се бори против тероризмот ќе биде сојузник на Сирија
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп ќе стане природен сојузник на Сирија, ако се бори против тероризмот и успее да го надмине притисокот од американското лоби за тоа прашање, изјави сирискиот претседател Башар ал Асад во интервју за руската телевизија „Росија 24“.
Асад наведе дека на сите им е познато колку се силни лобијата во САД, кои застанаа против Трамп да продолжат да вршат притисок и откако ќе стапи на должност.
- Ако Трамп успее да го надмине тоа и навистина дејствува против тероризмот, сметан дека тој ќе стане наш природен сојузник. Како и Ваш (на Русија), посочи Асад.
Тој додаде дека Трамп ќе биде принуден да се спротистави на лобистите - конгресмени, сенатори, медиуми, индустриското лоби „на кои им се профитабилни војните, како што се случи во Ирак, а наскоро и во Јемен“.
- Тој даде сосема јасни изјави за борбата против тероризмот и немашање во други држави со цел соборување на влади, со што САД се занимаваат со децении. Тоа, се разбира, е убаво, но зависи од волјата на Трамп дали ќе продолжи во таа насока, истакна Асад.
Сирискиот претседател посочи и дека во обновата на сириска економија ќе учествуваат компании од држави кои биле неутрални кон Сирија, а посебно ги спомна Русија, Кина и Иран.
Асад во интервјуто за „Росија 24“ наведе дека Дамаск планира и ослободување на другите сириски градови во координација со Москва и Техеран по целосното ослободување на Алепо.
Тој наведе и дека хуманитарната помош од западните земји не стигнала до населението и оти истата била наменета за терористите.
- Терористите никогаш не мислеле за животот на обичните Сиријци. И денес голем број градови во Сирија се под опсада и терористите прават се за да не стигне помошта до луѓетом истакна Асад.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација