Свет
16. November 2016 - 13:20

Асад: Трамп ќе ни биде сојузник, ако се бори против тероризмот

Сирискиот претседател Башар ал Асад во интервју за португалската телевизија РТП изјави дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп би бил „природен сојузник“ на Сирија, доколку се бори против тероризмот.

- Не можеме да знаеме што тој ќе стори, но ако се бори против тероризмот, јасно е дека ќе бидеме сојузници. Природни сојузници, како што сме со Русите, Иранците и другите земји кои посакуваат пораз на тероризмот, рече Асад.

Трамп пак, во интервјуто објавено во „Волстрит Џурнал“, истакна дека е потребна порешителна борба против групата Исламска држава (ИД).

- ИД е далеку поголема закана за нас отколку Асад, изјави Трамп во интервјуто.