Аспиликуета уште две години во Челзи
Шпанскиот дефанзивец Цесар Аспиликуета потпиша уште еден договор кој го врзува со Челзи до лето 2024 година, објави лондонскиот премиерлигаш на социјалните мрежи.
Аспиликуета во Челзи дојде во август 2012 година од Марсеј и за време на деценискиот престој на Стемфорд бриџ како капитен ја предводеше екипата на повеќе од 200 натпревари.
Шпанецот минатата сезона одигра 47 натпревари во синиот дрес и дојде до бројката од вкупно 476 натпревари.
Медиумите го поврзуваа Аспиликуета овој преоден рок со Барселона, но 32-годишниот фудбалер на крајот одлучи да остане под тренерскиот ангажман на Томас Тухел.
– Многу сме среќни што Цесар ќе остане во Челзи уште најмалку две години. Воодушевени сме што нашиот капитен со својот пример уште еднаш ја покажа својата приврзаност и лидерски способности, изјави претседателот и косопственик на Челзи, Тод Боли.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората