Живот
27. December 2017 - 22:17

Астероид ја изненади и НАСА: Досега беше непознат, а наскоро ќе помине покрај Земјата

Астероидот кој до 25 декември бил непознат за НАСА во наредните два дена опасно ќе се доближи до Земјата.

Тој ќе помине меѓу Земјата и Месечината на оддалеченост од само 138.000 километри.

НАСА го следи движењето на овој астероид (2017 IZ4) за кој се проценува дека е со пречник меѓу 7 и 15 метри.

Иако е релативно мал ако би паднал на Земјата може да предизвика голема штета.

Во февруари 2013 година, непознат 19 метарски метеор експлодираше на небото над рускиот град Чељабинск, со сила еднаква на експлозија од 500.000 тон ТНТ.

Експлозијата искрши стакла од поголем број згради, а повредени се и 100 луѓе.

-Заклучно со 24 декември, од 17.495 познати објекти во близината на Земјата 17.389 се астероиди, велат во НАСА.

-Оваа година откривме 1.985 нови астероиди близу Земјата, Имаше 1.888 предмети откриени во 2016 година и 1.571 во 2015 година.

2017 IZ4 е од Аполо групата астероиди кои редовно прелетуваат покрај нашата планета.