Loading Video...
Фудбал
26. September 2020 - 17:02

Аталанта со 4-2 славеше на гостувањето кај Торино

Супер ефикасен беше првиот натпревар од денешната понуда во италијанската Серија А, во кој Фиорентина славеше на гостувањето кај  Торино со 4-2.
 
Иако домаќините преку Белоти поведоа во 11-минута, во продолжението следуваа три гола на гостите од Бергамо. 
 
Во 13-тата Гомез израмни на 1-1. Муриал во 21-та и донесе водство на Аталанта од 2-1, додека Хатебоер во 42-та минута зголеми на 3-1. 
 
Но, тоа не беше крај на голеадата во првиот дел, бидејќи само минута подоцна Белоти го постигна својот втор гол за 2-3. 
 
Холанѓанецот, Мартен де Рон во 54.минута беше стрелец на нов погодок за гостите, поставувајќи ги конечните Торино – Аталанта 2-4. 
 
Покрај овој натпревар во Серија А денеска се играат уште три меча, а најинтере4сно се очекува да биде на вечерашниот меѓу Интер и Фиорентина што почнува од 20.45 часот