Loading Video...
Кошарка
24. јуни 2021 - 10:01

Атланта со „брејк“ кај Милвоки го започна финалето на западот

 
Тимот на Атланта со брејк кај Милвоки го започна финалето на западот
 
„Хоукси“ славеа триумф на теренот на Милвоки со 116-113 со што поведоа со 1:0 во победи во финалето на Источната конференција
 
Тре Јанг со 47 поени, 11 асистенции и 7 скокови беше најзаслужен за оваа победа на Атланта. 
 
На домаќините не им помогнаа ниту одлилните партии на Антетокуомпо кој оствари трипл-дабл со 34 поени 12 скокови и 9 асистенции, како и Холидеј кој на 33-те поени придодаде и 10 асистенции.
 
И вториот натпревар меѓу овие екипи, кој е закажан за сабота наутро (2:30 часот) ќе се игра во Филаделфија.
 
Вечерва пак на програмата е третиот меч од финалето на Западот, прв од двата во Лос Анџелес. 
 
Во него „Сонцата“ ќе влезат со предност од 2-0 во дуелот против Клиперси, откако кошаркарите на Феникс ја искористија предноста на домашниот терен на првите две средби.