Живот
25. September 2015 - 0:04

Атракција во Битола луксузното возило на Бонд

На Фестивалот на филмската камера Браќа Манаки во Битола, пристигна и автомобилот на Џејмс Бонд. Тој е паркиран пред Центарот за култура и секој може да му пристапи, да го разгледа и да се фотографира. Ова е една од различните атракции што ги понуди овогодинешното 36-то издание на Интернационалниот фестивал, oбјави локалната телевизија „Орбис“.

Се работи за оригиналниот автомобил Астон Мартин ДБС на тајниот агент 007 кој се користеше при снимање на филмот „Казино ројал“ во 2006 година, автомобил кој е препознатлив по својата брзина и неверојатните додатоци.

Почетоците на Астон Мартин ДБС се наоѓаат во филмот „Тајната служба на Нејзиното Височество“ од 1969 година, но својот врв го достигна во 2006 година во филмот „Казино Ројал“ кога, според Гинисовата книга на рекорди, автомобилот се преврте седум и пол пати во еден спектакуларен трик.