Свет
2. March 2017 - 13:58

Авганистан: При напади во Кабул загинаа 22 лица

Во неколку истовремени напади на бомбаши-самоубијци во авганистанскиот главен град Кабул загинаа 22 лица, а 120 се повредени, главно цивили, соопшти денеска авганистанското Министерство за здравство. 

- Болниците што се наоѓаат во близина се блокирани од големиот број на повредени лица, од кои многумина се во критична состојба, изјави портпаролот на Министерството Исмаил Каваси. 

Талибанците ја презедоа одговорноста за нападите во Кабул, што беа проследени со едночасовна престрелка со авганистанската полиција. 

Се претпоставува дека целта на нападите биле силите за безбедност на Авганистан.